28 Април, 2024
0.0266

Анхоч прослави јубилеј – 25 години успешна работа

Објавено во: Мои пари 11 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Македонскиот бренд Анхоч прослави 25 години од своето формирање, опстојување и напредок на пазарот со продажба на компјутерска опрема, ИТ, електроника и уреди.

Со гала свеченост, пред околу 750 гости, во хотел Александар Палас Анхоч одбележа 25 години успешна работа. Во пријатен амбиент заедно со голем број на клиенти, соработници, деловни партнери и вработени, Анхоч го прослави 25 годишниот јубилеј.

Андреј Хочевар директорот на Анхоч истакна дека без посветени вработени кои се дел од тимот ваквиот успех не би бил возможен и затоа го посвети на нив.


За отворањето на настанот и официјалниот дел се погрижи тим од Македонската Филхармонија, додека за добрата забава задолжен беше бендот на Петар Ренџов. Дополнително атмосферата ја загреаа Јасмин Лопез и Онел од Куба, како и DJ Erik Fox. За неповторлив хумор на настанот се погрижи Сашко Коцев, кој на свој оригинален начин делеше насмевки кај присутните.


Анхоч е моментално најголемата македонска ИТ компанија, со најголем избор на лаптопи, таблети, смартфони и друга ИТ опрема, присутен на 15 продажни локации со 140 вработени во повеќе градови низ Македонија. До крајот на годината, Анхоч најавува отворање на два нови салони, во Скопје-Чаир и Куманово, како и релокација на еден од постоечките, во поголем Премиум салон на атрактивна локација во Скопје.

Патот кон успехот го започнува во 1994 година со производство, продажба, и одржување на компјутерски системи и ИТ опрема со соодветна техничка поддршка.

Во услови на силна конкуренција, Анхоч успева да се наметне кај потрошувачите на локалниот пазар и полека се проширува и на национално ниво. Остварува соработка со повеќе локални фирми од останатите градови и започнува со продажба на своите производи низ целата држава.

Анхоч во 2003 година го отвора првиот специјализиран ИТ продажен салон во Скопје, првиот ПЦ Маркет во ГТЦ со кој овозможува поголема достапност на продуктите до потрошувачите.


Во 2010 година на македонскиот пазар ја отвора првата комплетно функционална ИТ интернет продавница под името www.pcmarket.mk.

На нашиот пазар, Анхоч е познат и по своите брендирани конфигурации, Анхоч Алтеа и Анхоч Голијат кои единствени од Македонија го имаат добиено престижниот сертификат на Microsoft.

Успешната приказна на Анхоч се темели на континуираната посветеност кон квалитетот и задоволството на потрошувачите за конкурентна цена. Потрошувачот кој ќе им се обрати е сигурен дека ќе добие квалитетен производ за компетентна цена придружен со одлична техничка поддршка.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг