05 Мај, 2024
0.0704

Антони Пешев: Над 70 отсто од фирмите не планираат да затворат и покрај потешкотиите

Објавено во: Економија 04 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Над 70 отсто од домашните компании, членки на Стопанската комора на Македонија не планираат да затвораат, а 21 отсто од нив планираат затворање ама само на делови од компаниите, и покрај проблемите, покажуваат податоците на комората базирани на тврдењата на самите компании. Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија вели дека ова се бројките на денот, а коментарот на денот е изјавата на претседателот Бранко Азески дека државата ќе се соочи со два големи проблема во периодот што следи, а тоа е дека во текот на месец мај има голема веројатност компаниите да се соочат со проблемот на ликвидност во кој свој удел може да има и Владата, а заради најавените прекини на голем дел од договорите, извозот на државата се наоѓа во многу проблематична состојба.


Пешев вели дека во април, во земјава се регистрирани 7.030 нови невработени според евиденцијата на Агенцијата за вработување, што е идентично и со бројките во Косово. Во Србија од почетокот на кризата работата до сега ја изгубиле околу 6.047 вработени, додека според податоците на Даночната управа на Албанија тој број изнесува 61.000 работници кои ја изгубилеработата како резултат на корона кризата.

„Македонската економија веќе втор месец функционира во исклучително тешки околности, а се потпира на своите сопствени резерви, владините мерки и покрај најдобрата волја и намера на  Владата се комплицирани и тешко достапни до значаен дел од нашите членки. Мора да констатираме дека мерките се фокусирани доминантно на правата на работниците, за што имаме разбирање заради сензитивноста на положбата во која се најдоа најголемиот број граѓани, уплашени за своето здравје, за судбината на нивните работни места, за иднината на нивните семејства. Имаме чувство дека во овој привид (кој падна доминантно на товар на компаниите) се` е нормално во економијата, ги натера луѓето да мислат дека се` ќе се врати во нормала за кратко време и дека се` ќе биде исто за недела или две, вели Пешев.


Сепак додава дека на државата и претстои потешкиот период на совладување на кризата, обновата на економските текови. 

„Во тој период цениме дека државата мора да комуницира со својот економски дел кој е единствениот креатор на приходите во буџетот. Ако тој не функционира, нема ни шанса за нормален живот. Ако оваа криза не успее да не натера да постигнеме консензус на државно ниво, тоа значи дека имаме проблем и тешко ни се пишува, додава Пешев.

Тој вели дека во Комората е донесена одлука да се изгради директен линк кон средствата за јавно информирање и кон целокупната македонска јавност, со цел непосредно директно разменување ставови, мислења, дилеми и евентуални предлози за тоа што е тоа што во моментов и е потребно на економијата и каде мислиме дека таа треба да ги насочи своите напори со цел од кризата да излеземе со што е можно помали последици и нормализацијата на целокупниот живот во државата да се случи во што е можно пократок период.

-Нашите обраќања ќе се потрудиме да бидат кратки и во нив ќе се потрудиме да ви дадеме четири важни поенти, 

- Бројките на денот; зошто цениме дека економија е егзактна наука во која бројките се се

-  Коментарот на денот; зошто цениме дека некои коментари за добро или лошо мора да бидат апострофирани и запамeтени, за да не кажуваме дека не биле кажани.

-  Споредба на денот која ја правиме со нашите партнери во Коморскиот инвестициски форум, за да знаеме каде земјите во регионот се наоѓаат во моментот.

-  Наш став зошто ние во Комората сепак имаме ставови до кои држиме и за кои се бориме, вели Пешев.


Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра