Апасиев: Со ВМРО-ДПМНЕ ниту сме во неформална коалиција, ниту во брачна заедница
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2022
Нема да има уставни измени, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
Тој за „Канал 5“ изјави дека парламентарниот состав нема да ги изгласа уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот. Вели дека и во иднина тоа нема да се случи.
„Нема уставни измени во овој мандат, а во идниот уште помалку, зашто Левица ќе има двоцифрен број мандати и тогаш позициите ќе бидат драстично сменети. Нема да има уставни измени. Тие ќе сторат сè за да остнат на власт, но нашиот став е да одиме на избори“, вели Апасиев.
Тој објасни дека со ВМРО-ДПМНЕ имаат слични ставови.
„Со ВМРО-ДПМНЕ ниту сме во неформална коалиција, ниту во брачна заедница, туку имаме слични ставови“, вели Апасиев.
Инаку, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го нарече Апасиев политички пироман и според него тој го држи ВМРО-ДПМНЕ во заложништво.