АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧИ: Дамовски, Јовановски и Ѓошевски остануваат во притвор
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2017
Апелациониот суд донесе одлука и ги потврди притворите на режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски и Горан Ѓошевски, некогашниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски.
Информацијaта предмалку ја потврдија од скопска апелација за тв 24. Денеска беше одржана јавна седница на која нивните адвокати бараа укинување на притворот и одредување на послаба мерка или куќен притвор затоа што биле угледни луѓе и без прекршоци, а камо ли вакво кривично дело.