03 Мај, 2024
0.0355

Apple може да биде осудена за 862 милиони долари

Објавено во: Стил 14 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Американскиот суд одлучи дека компанијата „Apple“ користела погрешен патент на Универзитетот Медисон (сојузна држава Висконсин) во производството на чиповите за „iPhone“, „iPad Mini“ и „iPad Air“. Финансиската санкција за компанијата од Купертино веројатно ќе биде речиси една милијарда долари.

Истражувачите од Висконсин (Wisconsin Alumni Research Foundation - WARF) го подигнаа случајот во февруари минатата година, обвинувајќи го „Apple“ дека процесорите A7, A8 и A8X кои се користат во „iPhone 5S“, „6 и 6 Plus“, се направени со помош на технологија, патентирана од Универзитетот во 1998 година.

На судот му претстои да ја утврди точната сума која компанијата треба да плати како компензација.

Во 2008 година споменатата научна организација ја даде на суд „Intel“ за истата технологија, но тогаш двете страни постигнаа вонсудско решение.

Нешто повеќе - лабораторијата поднесе уште една тужба против „Apple“ минатиот месец. Тоа е за најновите чипови A9 и A9X кои ги користат во најновите модели на „iPhone“ и „iPad Pro“.