26 Април, 2024
0.0282

Аптеки ќе добијат 51 села низ државата

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Педесет и една аптека ќе бидат отворени во рурални средини и во поголеми населени места низ државата. Бенефит од ова ќе имаат околу 100 илјади граѓани во Македонија. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека целта е да им се излезе во пресрет на граѓаните кои живеат во руралните области каде досега воопшто немало аптека или немало аптека која има договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Поради ова, посочи министерот, поголем број граѓани морале да патуваат по неколку десетици километри за да можат да дојдат до терапијата која им е препишана од лекарот. „Деведесет и седум отсто од аптеките ќе бидат отворени во рурални области. Во некои села како што се Долнени, Могила, Липково, Јегуновце, Карбинци, Новаци досега воопшто немало никогаш отворено аптека и жителите на овие населени места лековите ги добивале во аптеките во поблиските градови што претставувало оптоварување за нивниот буџет и нивно малтретирање“, рече Тодоров. Потенцира дека големата реформа која била направена од Министерството со донесување на мрежата на здравствени установи вродува со плод. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека објавиле јавен повик на кој ги повикале сите заинтересирани врз основа на постојните прописи и услови да отворат аптеки во тие населени места. „Добивме апликации за сите овие населени места за кои сега ја распишуваме концесија. Претходно го испитавме пазарот и интересот од правни и физички лица кои се подготвени да отворат аптека во овие места. Добивме соодветен интерес и како резултат на тоа го распишуваме огласот со кој ќе се креираат меѓу 100 и 200 работни места во зависност од тоа дали аптеката ќе работи во една или во две смени и тоа за кадар од областа на фармацијата - за фармацевти и фармацевтски техничари“, посочи Тодоров. Според него, бројот на аптеките е поголем од европскиот стандард, кој изнесува 400 до 500 аптеки, а во државата има 800 аптеки. Директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев рече дека квотата на Фондот се движи од 150.000 до 200.000 денари. Според него, со оваа месечна квота ќе бидат задоволени потребите на населението со сите неопходни лекови од позитивната листа      

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра