АПТЕКИ, КАФУЛИЊА, КОЗМЕТИЧКИ САЛОНИ: Владата објави кои фирми добиле пари, а не исплатиле плати
Објавено во: Економија 15 Декември, 2020
Владата го објави списокот со 179 фирми кои добиле финансиска помош, а не дале плата на работниците.
Надлежните најавија дека компаниите што ќе ја злоупотребат помошта ќе бидат казнети парично, но подлежат и на кривична одговорност.
Глобите се движат од 500 до 1.000 евра за микрофирма, од 500 до 2.000 евра за мала фирма, од 1.000 до 6.000 евра за средна и од 1.000 до 10.000 евра за голема фирма.
На листата се најдоа фирми од Велес, Струга, Куманово, Скопје, Прилеп, Гостива, Кичево, Дебар, Охрид...Станува збор за аптеки, фирми кои се занимаваат со увоз - извоз, кафулиња, козметички салони, златари...
Списокот можете да го видите овде.