12 Мај, 2024
0.0285

Арафат Муареми ослободен од пријавите од Вилма Русковска

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber


Поранешниот шеф на Финансиска полиција, Арафат Муареми , е ослободен од пријавата од поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за примање награда за противзаконито влијание. Обвинители упаднаа.на 18 јули лани во Управата за финансиска полиција каде беше извршен претрес по анонимна дојава на граѓанин, без да бидат соопштени некакви детали. Муареми поднесе пријава против Русковска за тој потег. Тој беше разрешен, а исто и Русковска остана без функција. Јавноста никогаш не дозна зошто настана тоа ривалство, освен тоа што имаше шпекулации дека Арафат чувал предмети во фиока и со тоа штител осомничени за криминал.

„Постапувајќи по двете кривични пријави против поранешниот директор на Управата за финансиска полиција и вработени службеници во Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител врз основа на прибраните вербални и материјални докази утврди дека во однос на двете кривични пријави не постои основано сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела или друго кривично дело кое се гони по службена должност“, соопшти ОЈО.

Од ОЈО меѓутоа признаваат дека се насобрале вкупно 415 предмети кај Муареми по кои не било до крај постапено, а пријавите доаѓале од анонимни граѓани уште од 2018 година.

„Истражители од Истражниот центар на ОЈОГОКК извршија увид во документацијата на сите 415 предмети и констатираа дека дел од предметите, иако се по пријави од 2018, 2019 и 2020 година, сѐ уште се водат како предмети во работа, а поголем дел од предметите се препратени на надлежно постапување во други инспекторати, МВР и други институции. Во предметите што биле затворени е содржана службена белешка од која може да се утврди на кој начин предметот е затворен или препратен во друга институција.

Од сето погоре наведено, предметниот обвинител утврди наводите во пријавата дека УФП не преземала соодветни дејствија по предметите и не ги известувала надлежните јавни обвинителства и другите засегнати институции не соодветствуваат со фактичката состојба.

Во однос на наводите во анонимната кривична пријава и фактот дека наредбата за претрес на лице е барана поради постоење на основи на сомневање дека поранешниот директор сторил кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, предмет на анализа на обвинителството беа токму овие наводи во корелација со прибавените докази во текот на предистражната постапка.

Од доставеното вештачење и анализа на содржината на одземената компјутерска опрема е утврдено дека документите и компјутерските податоци немаат поврзаност со конкретниот предмет. Така, од собраните докази и деталното разгледување на сите анонимни пријави, не произлезе основано сомневање дека пријавениот со искористување на своето реално или претпоставено влијание, службена или општествена положба и углед, барал, интервенирал, поттикнувал или на друг начин влијаел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши или да не се изврши службено дејствие што би морало да се изврши, а за посредувањето да примил награда или друга корист.

Со оглед дека од увидот во самите предмети обвинителството не може да утврди основи на сомнение дека обработувачите на предметите при преземање или непреземање на службени дејствија сториле кривично дело што се гони по службена должност, до УФП достави известување со кое ја задолжи УФП да изврши анализа на констатираните состојби во службената белешка и извештајот со цел дополнително да истражи. Доколку се констатира дека некој од инспекторите или поранешниот директор сториле кривично дело што се гони по службена должност, да го извести Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при ОЈО ГОКК“, гласи денешното соопштениет.

Муареми е ослободен и од пријавата за Злоупотреба на службена положба и овластување, Малтретирање во вршење на службата, Насилство и Примање поткуп во врска со легализација на бесправно изграден објект во Дебар.

„Од прибраните писмени докази и вербални искази, јавниот обвинител утврди дека не постои основано сомнение што упатува дека пријавените ја искористиле својата моќ како вработени во УФП и откако оштетениот не им дал пари, започнале да водат постапки за поништување на легализацијата на неговиот објект. Прибраните докази упатуваат на тоа дека пријавените постапувале во рамки на нивните законски овластувања по поднесена анонимна пријава до УФП и имале за цел да утврдат дали е сторено кривично дело што се гони по службена должност, а чие откривање и документирање е во надлежност на УФП. Управната постапка за поништување на решението за легализација за која станува збор во пријавата е во надлежност на Управниот суд и истата сѐ уште не е завршена.

Во однос на наводите дека пријавените сториле кривично дело Примање поткуп, пријавениот инспектор во својата одбрана ги негираше тврдењата опишани во кривичната пријава и истите се потврдени со анализа на телефонската комуникација и движење по базни станици на телефонските броеви на пријавениот и пријавителот. Притоа е утврдено дека за период од една година, двата телефонски броја не се регистрирани на исти или приближно исти базни станици што упатува на заклучокот дека исказот на пријавителот не може да се потврди.

Исказите на сведоците, вработени во Општина Дебар не ги потврдија наводите на оштетениот дека пријавените ги извршиле кривичните дела Малтретирање во вршење на служба и Насилство за кои тој тврди дека биле преземани кон него и кон вработените во Општина Дебар. Притоа, пријавениот поранешен директор на УФП не е споменат од ниту еден сведок, а оштетениот со ниту еден доказ не ги поткрепи тврдењата дека лица од Косово и Албанија му се јавувале во врска со овој предмет, ниту пак поврзаноста на наводните јавувања со пријавените.

Врз основа на анализа на сите расположливи докази, предметниот јавен обвинител донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава бидејќи не постои основано сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела за кои се пријавени или друго кривично дело што се гони по службена должност“, заклучува ОЈО.


Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор