07 Мај, 2024
0.0256

АРТАН ГРУБИ ГИ ИЗБРКА ОВИЕ НА ФОТОГРАФИЈАТА, НО КАДЕ ЌЕ ОДИ КОГА ГЛАСАЧИТЕ ЌЕ ГО РАЗРЕШАТ НЕГО - „Огнените“ ги наброија сите „жртви“

Објавено во: Македонија 25 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Во пресрет на денешната седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на која се очекува да се расправа за „Фронтот за Европа“, т.н „Огнена група“  од партијата објави листа на разрешени функционери, обвинувајќи дека „првиот вицепремиер Артан Груби ги разрешува лицата кои мислат поинаку во ДУИ“.

-Возот на Артан Груби и директната закана за политичка елиминација на сите што мислат поинаку во ДУИ, беше изведен на најбрутален можен начин, како што преку ноќ во монистичкиот систем беа разрешени „неподобните“. Разликата е во тоа што овие разрешувања, иницирани од гневот на Артан Груби, беа предупредувани од неговите мегафони, клеветнички портали, корумпирани со парите на граѓаните кои никогаш не гласале за Груби. Заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, кадар-модел на ДУИ кој донесе низа победи на Гостивар, после поразите на кампањата на СРМН на Артан Груби. Овој човек е разрешен без никаква забелешка за неговото работење. Ресми Ејупи, Аднан Ејуп, многу директори на клиники, како Алајдин Мемеди, Бесим Кока, Азиз Максути, Ќамил Ковачи, потоа Фикри Алити, Миѓен Селмани, Нехат Нухиу, Ајрула Мустафа и други, беа разрешени само затоа што мислеа поинаку, без никаква причина или евентуален пропуст во нивните должности, се вели во соопштението од „Огнената група“.

Сите тие, како што посочуваат, имаа една цел - демократизација на ДУИ и создавање амбиент за соочување на идеите, а не создавање поделеност меѓу сопартијците, како што направи Груби, за да ја спаси својата незаслужена фотеља.

-Овие луѓе што ги гледате на фотографијата никогаш не кажале лош збор за Али Ахмети, ниту пак сега кажуваат, но ѓаволноста на Артан Груби и злоупотребата на медиумите под негова контрола, успеа да ги упати сите обвинувања кои беа против него, за апсолутни неуспеси во секоја област, да ги адресира како обвинувања кон Али Ахмети, со образложение дека овие критики не се против него туку против Ахмети. Сите разрешени, а и оние кои не може Артан Груби да ги разреши, предупредија дека овој човек има за цел да ја уништи ДУИ одвнатре, работи за своите луди амбиции, на штета на сите процеси кон албанската заедница во Македонија и во регионот. Артан Груби ги избрка овие на фотографијата, но каде ќе оди Артан Груби кога албанскиот гласач него ќе го разреши?, се посочува во соопштението.

Фото: Огнена група на ДУИ

Можеби ќе ве интересира

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци