АТРАКТИВНА ЗЕМЈА: Продаваат куќи за 3.000 евра
Објавено во: Балкан 02 Мај, 2019
Во Славонија во Хрватска цените на недвижниот имот се ниски и веќе нема да одат надолу, затоа што паднаа на дното.
За 3.000 евра може да се најдат стари куќи, а за 50.000 евра се продаваат убави куќи, со лозје и овоштарник.
Обновени куќи во кои може да се вселите веднаш чинат од 30.000 до 40.000 евра.
Од агенциите за недвижен имот велат дека со сумата за една куќа во Сплит, во Славонија може да се купи цело село.
Во елитните квартови во Сплит квадрат чини 5.500 евра.
Во Вуковар и околината, гарсоњера се продава за 11.000 или 15.000 евра.