Авионскиот сообраќај руши рекорди - нискотарифните авиокомпании превезле над милијарда патници
Објавено во: Економија 03 Јануари, 2017
Лани 3,7 милијарди луѓе патувале со авиони ширум светот, што е за 6% повеќе отколку претходната година.
Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) соопшти дека патничкиот сообраќај во светот, во 2016 година, пораснал благодарение на нискотарифните авиокомпании.
Растот е најизразен во Азија +8%, на Блискиот Исток +11,2%, Латинска Америка +6,5%, и во Африка +5,7%, додека темпото на раст е пониско во Европа +4,3% и Северна Америка +3,5%.
Нискотарифните авиокомпании осигурале 28% од светскиот превоз и прв пат надминале милијарда патници.
Тие компании во Европа превезле третина од сите патници, во Азија 31%, а во Северна Америка 25%.
Статистиките покажуваат дека и Македонците се повеќе сакаат да патуваат со авион.