Автобусот е со македонски таблички, повредените хоспитализирани во Велес и Скопје
Објавено во: Македонија 20 Август, 2017
Според информации од полицијата, автобусот кој се преврте кај велешка патарина не бил со грчки регистарски таблички, туку со македонски.
Тој најверојатно превезувал туристи кои се враќале од Грција. Се уште трае увидот на јавниот обвинител кој ја утврдува причината за несреќата.
Бројот на повредени се искачи на 26, но можно е и да порасне. Дел од повредените се однесени во велешката, а другите во скопските болници. Загинати засега нема.