Автомобил изгази пешаци во Вашингтон
Објавено во: Свет 29 Април, 2018
Автомобил се забил во пешаци во Вашингтон.
Откако автомобилот се заби во неколку пешаци во вторникот група минувачи притрчале да го кренат автомобилот и да ги спасат прегазените луѓе, јавува Еј-би-си њуз.
Патниците излегле од автомобилот, а една жена врескала додека проверувала дали е сѐ во ред со нејзиниот син на задното седиште на автомобилот.
Десетина минувачи притрчале кон автомобилот за да го кренат и да ги спасат жртвите. Автомобилот прегазил четири лица, кои добиле тешки повреди и биле префрлени во болница.
Несреќата ја предизвикал возач на камион кој му ја одзел предноста на автомобилот додека вртел, соопшти полицијата.