02 Мај, 2024
0.0244

Бабини лекови за лош здив, грчеви, воспаленија: евтини, природни и ефикасни

Објавено во: Стил 22 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Кога имате некое воспаление, лош здив или отоци, побарајте ги бабините лекови.

Понекогаш најдобриот лек ни е пред носот, но не знаеме за него. Бабините лекови се природни и можат да се покажат повеќе плодни против различни поплаки отколку скапите лекови.

Бабините совети ќе ви заштедат непотребни трошоци.

* За вопаленија - солена вода

Солениот раствор ги смирува воспаленија на слузницата на грлото, разредениот слуз и алергените како и бактериите брзо се чистат. Истражувањето покажува дека правењето гаргара со солена вода три пати на ден ја намалува белодробната инфекција до 40 отсто. Измешајте половина лажичка морска сол и 2,5 дл вода, правете гаргара барем три пати на ден.

* За грчеви на желудникот - камилица или анасон

Научниците откриле дека камилицата содржи глицин, хемиско соединение кое ги намалува контракциите на долниот дел на стомакот, вели д-р Џесика Шепард од универзитетот „Илиноис“ во Чикаго. Против грчевите во стомакот исклучително добар е и анасонот. Ако имате такви грчеви, пијте чај од камилица или анасон барем еднаш на ден.

* Имате лош здив - пробајте да го тргнете со магдонос

Магдоносот е особено богат со хлорофил, кој успешно ги уништува бактериите кои предизвикуваат лош здив. Kога ви е потребно, земете магдонос и џвакајте го барем една минута.

* Отеченост и воспаление - користете зелка

Листовите од свежа зелка често се спомнуваат како најдобри за лекување на воспалени вени, разни други воспаленија, болни места и отоци, а и ги препорачуваат и лекарите. Заболеното место покријте со еден или повеќе листови и прицврстете го со завој. Може да ги држите листовите и во текот на ноќта.

* Проблеми со варењето - Ловоров лист

Ловоров лист често се става во јадењата, бидејќи така пишува во рецептот. Но, никој не се жали, бидејќи освен аромата, ловоров лист го подобруваат варењето и помага за исфрлањето на наталожените гасови во цревата. Понекогаш се користи и како средство за побрзо варење на храната и против ревматизам.

* Мед и лесен парафин за испукани усни

Медот има антибактериски својства и го подобрува зараснувањето, вели д-р Адам Фридман, дерматолог и професор во медицинскиот центар „Монтефроре“ и колеџ „Алберт Ајнштајн“. Kога медот се комбинира со благ парафин, усните брзо оздравуваат. Натопете ги усните со млака вода, потоа нанесете тенок слој мед и оставете го неколку секунди за да се исуши. Потоа нанесете слој од мек парафин и оставете така 10 до 15 минути, без допирање. Отстранете ги овие слоеви со памук, кој претходно сте го натопиле во топла вода. Повторувајте го ова секој ден, во текот на неколку недели.