01 Мај, 2024
0.1243

БАНКАРИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА - и меѓународната рејтинг агенција потврди дека граѓаните во нас можат да имаат доверба

Објавено во: Финансии 07 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Банкарите се пофалија - велат и независната меѓународна агенција Стандард и Пурс потврдила дека се стабилни.

Во најновиот извештај на агенцијата Standard & Poor’s  се потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ- со стабилен изглед и помеѓу другото, се наведува дека банкарскиот систем останува стабилен. 

„Ваквите констатации на оваа меѓународно реномирана агенција недвосмислено ги потврдуваат веќе изнесените оценки за банкарскиот систем  од Македонската Банкарска Асоцијација, Народната банка и други релевантни институции во нашата земја, како резултат на сите политики и реформи направени во последните две и пол децении“, велат од МБА.

Стабилниот банкарски сектор е клучен за финансиската стабилност и е еден од носечките столбови на македонската економија на којшто со целосна доверба можe да се потпре секој граѓанин и секоја компанија. 

„Во таа насока, членките на Македонската Банкарска Асоцијација ја продолжуваат традиционално добрата соработка со Народната банка и сите други релевантни институции, за зачувување и унапредување на стабилноста и ефикасноста на банкарскиот систем, стабилниот курс на денарот, задоволување на потребите на  стопанството и населението за банкарски услуги и справување со предизвиците предизвикани од корона-кризата и во периодот кој следи“, се нагласува во соопштението.

Воедно, МБА ја поздравува одлуката на Европската централна банка за пристап на Народната банка до девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа. Ова големо постигнување за нашата земја, коешто се темели и на оценките на ЕЦБ за работењето на Народната банка и добрите перформанси на банкарскиот сектор, претставува конкретен чекор со многу позитивни ефекти во натамошното интегрирање на нашиот монетарен и финансиски систем во тековите на Европскиот монетарен систем како и големо признание од страна на ЕЦБ  за успешното спроведување на политиките во монетарната и финансиската сфера во нашата земја.

Македонската Банкарска Асоцијација на сите граѓани им го честита Денот на независноста 8-ми Септември.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?