02 Мај, 2024
0.0257

Баш сме пазареле на интернет: Плаќањата со картички пораснале за 120 отсто

Објавено во: Економија 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Плаќањето со платежните картички во трговијата во земјата пораснало за над седум проценти годишно, а вредноста на остварените трансакции се зголемила за повеќе од 17 проценти на годишно ниво и во услови на пандемија,соопшти Народната банка. 

Најголеме  растот на плаќањата на граѓаните со платежни картички на местата на продажба на интернет, кој во вториот квартал од оваа година изнесува речиси 170 проценти. Тоа е за пет пати повисок од годишниот раст во истиот квартал од минатaта година. Платежните картички на физички места на продажба во вториот квартал од 2020 година пораснале за 4,9 отсто кој е значително понизок од годишниот раст во истиот квартал од минатата година.

„Негативното влијание на пандемијата е изразено кај плаќањата со користење на инструментот кредитни трансфери, кои забележаа годишен пад од 13,3 проценти во однос на бројот и 17,4 отсто во однос на вредноста на трансакциите. Сепак, од започнувањето на корона-кризата па наваму, физичките лица сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери извршени од страна на граѓаните во вториот квартал се зголемил за значителни 42,2 проценти на годишна основа, што е двојно повеќе споредено со годишниот раст во истиот квартал во 2019 година (20,9%). Граѓаните ги извршувале плаќањата најчесто преку компјутер. Поконкретно, кај плаќањата извршени преку компјутер, во вториот квартал од 2020 година се забележува висок годишен раст од 32,9 отсто, кој е скоро двојно повисок од годишниот раст во вториот квартал од минатaта година, кој изнесуваше 14,7 проценти, стои во извештајот. 

Во вториот квартал од годинава продолжува трендот на зголемена употреба на мобилните телефони за извршување плаќања во земјата. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон пораснал за над 75 проценти.

Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за импозантен годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 122,6 отсто, како и на кредитните трансфери извршени по електронски пат од 32,2 проценти, во текот на првото полугодие од 2020 година, заклучуваат од Народна банка


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?