17 Мај, 2024
0.0477

Бектеши: Кафулињата ќе може да работат само до 20.00 часот

Објавено во: Економија 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Крешник Бектеши, министерот за економија, на денешната прес-конференција, коментирајќи ги мерките и препораките кои се бараат од угостителите пред утрешното повторно започнување со работа на овие дејности рече дека не мора повеќе од двајца посетители седнати на една маса да се од исто семејство.

- Одлуката е само за отворање на тие угостителски објекти со надворешни тераси. Според протоколите, ќе се гледа на начинот на организирање на просторот и дезинфекцијата, како и однесувањето на клиентите и дистинцата на масите од 10 метри квадрати. Што се однесува до членови на семејства или не, нема таква одлука за тоа, рече Бектеши.

Според Бектеши, шпекулација е тоа дека само најмногу до двајца ќе можат да седат на иста маса доколку не се од исто семејство. Претходно од асоцијацијата на угостители реагираа дека нелогично е на една маса ќе можат да седат само двајца ако не се од исто семејство, а четворица би можеле да седат само ако се од исто семејство и практично тоа за нив ќе значи бркање на муштериите.

„А и како да знаете дали гостите што ќе дојдат се членови на семејство или не. Не можете да ги легитимирате, а постојат и Закон за семејство, различни презимиња, како и вонбрачни заедници. Значи, се повторно ќе се сведе на нивните лични кажувања“, рече Мартин Ангеловски од Асоцијацијата на угостители претходно за „Фактор“.

Протоколите кои беа подготвени од Комисијата за заразни болести биле усвоени на вчерашната владина седница и според Бектеши тие не претрпеле позначителни измени во меѓувреме воп однос на тие што се доставени до коморите.

Кафе-баровите и рестораните од утре ќе може да работат до 20.00 часот иако повеќе нема полициски час, а на иста маса нема да може да седат пивеќе од четири лица.


Можеби ќе ве интересира

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати