02 Мај, 2024
0.0261

Бектеши: Се градат многу трговски центри и треба да работат во недела

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Крешник Бектеши, министерот за економија, вели дека лично е против евентуално решение трговските центри да не работат во недела. Вели дека во блиска иднина ќе се инвестира и ќе се изградат и други вакви објекти, па поради тоа нема да биде добро ако им се забрани да работат во вториот ден од викендот.

За ова министерот вели дека стратешки приоритет за нашето поднебје е шопинг-центрите да работат во недела, бидејќи туристи од соседството таму ги трошат парите особено за викендите. Ова Бектеши го искоментира како став додека течат преговорите за законските измени за работните односи со кое во некои дејности ќе се забрани работењето во недела.

- Луѓето треба во недела да имаат и други можности и истовремено да излезат со нивните семејства и тогаш би можеле да направат одреден пазар, а тука се вклучени и трговските центри. Имајќи го предвид трендот на изградба на трговски центри, инвестициите кои што се прават во таа дејност, приливот на странски туристи во викендите во нашата држава, посебно од соседните држави, одтаму мислам дека треба да се разгледа многу внимателно ова прашање, рече Бектеши.

Министерот додаде дека ставот на неговиот ресор е дека генерално трговијата на мало како дејнсот треба да работи во недела.

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда