14 Мај, 2024
0.0329

Бектеши уверува: Ќе има субвенции за октомвриските плати

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Владата ќе го испрати деновиве до Собранието законското решение за субвенционирање плати на компаниите, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа мерка е дел од четвртиот сет антикризни мерки. Владата ги најави пред три недели, дел од нив не можат да се применуваат поради тоа што не е поминат ребалансот на буџетот, за дел не се усвоени законските измени. Бектеши ги повика сите политички субјекти да не водат дневна политика и во собранието измените да поминуваат брзо. Првата плата што треба да се субвенционираа е таа за октомври. Министерот вели дека ќе се стаса со решението до почетокот на ноември

„Што се однесува до четвртиот сет економски мерки сакам да ги повикам сите политички партии да бидат конструктивни, не треба да се прави дневна политика, заеднички да придонесеме и да им излеземе во пресрет на граѓаните и на фирмите. Јас сум убеден дека навреме ќе почне примената.  Бескаматните кредити веќе почнаа, за субвенционирањето на платите овие денови, можеби денеска или утре, ќе го пратиме законското решение во собрание и очекуваме на почетокот на ноември да биде усвоено. За дел од мерките треба да се усвои и ребалансот кој моментно е во собраниска процедура, па да излезе во Службен весник. Ние како Министерство сме ги подготвиле сите јавни повици и имаме можност веднаш да ги објавиме. Затоа ги повикувам сите партии и да ги донесеме решенијата, рече Бектеши.

Во четвртиот пакет предвидени се повеќе мерки меѓу кои и картичките за пензионерите и невработените. Како што е познато, поддршката за исплата на плати до крајот на годината ќе биде скалеста, од 14.500 до 21.776 денари. Таа ќе се однесува на компании кои се погодени од ковид кризата, односно нивните приходи се намалени за 30 и над 30 проценти. Државата ќе ги субвенционира платите на работниците во овие фирми во месеците октомври, ноември и декември, односно до крајот на годината. Со неа Владата очекува дека ќе се поддржат 250.000 работни места, за кои ќе се издвојат 70 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа