БЕСА денес на разговори кај СДСМ
Објавено во: Македонија 20 Мај, 2017
По вчерашната средба на Заев со Ахмети, СДСМ денес се среќава со движењето БЕСА.
Според информации од партијата на Заев денеска средбата ќе почне во 15.30 часот на Бихакќа а дали партиските лидери ќе имаат тет-а-тет средба или ќе им го препуштат состанокот на партиски претставници засега не е познато, но се поверојатно е дека средбата нема да биде на највисоко ниво.
На овие средби според тврдења на партиите не се разговара за распределба на владиниот колач туку се работи на усогласување на ставовите околу новата владина програма.