02 Мај, 2024
0.0249

БЕСИМИ ГО ЗАБРЗУВА ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА КРЕДИТОТ ОД 90 МИЛИОНИ ЕВРА - од состанокот со новиот директор во Светска банка

Објавено во: Финансии 11 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Мерките и политиките коишто се преземаат во насока на поддршка на одржлив и инклузивен раст, се клучни во услови кога се соочуваме со најголемата економска криза досега предизвикана од Ковид 19. Во овој дел од голема важност е четиригодишната стратегија за партнерство што Република Северна Македонија ја има со Светска банка“, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на првата официјална средба со директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи којашто се одржа онлајн. На средбата се дискутираше за тековните и идните проекти предвидени со четиригодишната стратегија, за проектите за справување со пандемијата, како и воопшто за политиките коишто ги презема Владата за справување со економската криза предизвикана од коронавирусот. 

Министерот Бесими информира дека Министерството до Владата ќе достави Предлог-закон за задолжување за проектот за итно справување со Ковид-19. Станува збор за заем од 90 милиони евра со кој ќе се опфати здравствениот сектор, ќе се обезбеди привремена поддршка за социјална помош и привремена поддршка за надоместок во случај на невработеност. Во делот на здравствениот сектор, проектот е насочен кон подобрување на дел од здравствените установи, но и обезбедување лабораториска опрема и истиот е од големо значење за зајакнување на јавното здравство и справување со предизвикот од оваа пандемија.   

Воедно, ќе се усвои и Законот за задолжување за проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, во висина од 25 милиони евра. Средствата од заемот ќе се доделуваат на општините и на јавните здравствени установи за инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност на јавните згради. Истиот ќе се спроведува преку проектната единица на Министерството за финансии за подобрување на општинските услуги – МСИП, со поддршка од Светска банка.

На средбата се дискутирало и за Проектот за модернизација на земјоделството во износ од 50 милиони евра, од кои 46 милиони се заем од Светска банка, а 4 милиони евра грант од ЕУ, чијашто реализација ќе се овозможи по усвојување на Законот за задолжување кој исто така е во собраниска процедура. Проектот опфаќа изградба на откупно-дистрибутивни центри, изградба на кафилерија за собирање и еколошка преработка на нуспроизводите од животинско потекло и заштита на средината, како и ново софтверско решение за евиденција и пристап до сите информации за секоја парцела. Истиот го спроведува Министерството за земјоделство и веќе е одобрен од страна на Светска банка.

Паолучи потенцира дека Светска банка и понатаму ќе ја поддржува нашата земја преку инвестиции во патната и енергетската инфраструктура, во развој на човечкиот капитал како и во делот на обезбедување подобар пристап до социјалните услуги. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?