15 Мај, 2024
0.0273

БЕСИМИ ВЕТИ: На фирмите навреме ќе им го враќаме ДДВ, за четвртиот сет мерки ќе работиме и идната недела

Објавено во: Економија 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во екот на оваа најголема криза досега, ќе обезбедиме фирмите да знаат дека навреме ќе имаат поврат на ДДВ и дека државата ќе ги исполнува сите други обврски кон приватниот сектор. Ова на својата прва прес конференција го вети новиот министер за финансии Фатмир Бесими.

За тоа какви че бидат четвртиот сет мерки, нема да се знае каков ќе биде до крајот на оваа недела, туку на него ќе се работи и идната недела.

„Во однос на буџетот, без исклучок ова е една од најголемите кризи. Гледаме буџетот да биде стабилен и стопанствениците да знаат дека повратот на ДДВ и другите обврски на државата кон приватниот сектор ќе бидат стабилни. Работиме како Влада на новиот сет мерки, имаме некои првични проекции, ќе работиме и наредната недела. Најбитно е приватниот сектор да има предвидливост во фискалната политика. Нема да се трошат оние расходи за кои се знае дека нема да се реализираат, и тие ќе бидат репрограмирани. Со јавниот долг имаме јасна позиција на менаџирање“, рече на денешниот прес Фатмир Бесими. 

Економската ситуација, според него, е сериозна, и не можеме сега да се презентира дека импактот од корона вирусот исчезнал и го нема. 

„Ова не е за да плашиме некого, туку да ја сфатиме сериозноста. Со четвртиот пакет мерки сакаме да ја ублажиме кризата во третиот и четвртиот квартал, и во 2021 да имаме побрз раст, ако кризата нема нов бран“, рече Бесими.  

Во рамки на буџетот е планирано да нема јавен долг над 60 отсто од БДП. 

Но, како ќе се движи, ќе се знае од новиот четврти пакет мерки. До крајот на месецот ќе се знае дали Владата ќе оди со ребаланс на буџетот, и тогаш ќе излезе со тоа пред Собранието.

„Прво ќе гледаме каде во постоечкиот буџет да репрограмираме расходи кои нема да се реализиераат, а ако тоа не стигне има простор за задолжување од дополнителни 60 милиони евра на домашен пазар, за да не се зголеми буџетскиот дефицит. Ќе дадеме информација за јавноста не денес, туку кога ќе имаме јасни проценки, до крајот на месецот. До крајот на месцот ќе знаеме дали ќе одиме со ребаланс на буџетот и тогаш ќе излеземе пред Собранието. Тоа ќе биде во текот на следниот месец, доколку се реши Владата и доколку согледа дека има потреба од ребаланс на постојниот буџет“, рече Бесими. 

Капиталните инвестиции заклучно со денес се реализирани 41 отсто. Се прават анализи да се види колку тие реално ќе се реализираат, а оние што сигурно нема да се потрошат, ќе се одложат и од тие средства ќе се искористат за новиот четврти сет мерки.

За неговото мандатно писмо, првиот финсансиер нагласи дека најважно ќе биде да ја премостиме најголемата економска криза досега, која е поголема и од глобалната криза. Задача ни е што побрзо да се вратиме на патот на солиден економски раст. Ова се дел од главните приоритети. 

„Нема да биде лесно, свесни сме, ситуацијата е многу сериозна“, рече Бесими. 

За тоа колку е сериозна кризата, говори податокот дека 6,4 отсто имаме пад во првото  полугодие, од кој само во втор квартал минусот е 12,7 отсто.

Најважно е сега да ги заштитиме ранливите категории и стопанството. Активно работиме на мерките. 

„Како министер се обврзав - најважно ќе биде да ја вратиме економијата на солиден и одржлив раст од 4 отсто до крајот на мандатот, и тој понатаму да се движи од 4 до 5 отсто. Просечната плата да расте од 20 до 30 отсто, и зголемување на минималната плата“, најави новиот министер. 

До 2024 година данокот на добивка ќе остане ист, 10 отсто. Ќе има ревидирање кај некои стапки на ДДВ. 

„Ќе го започнеме процесот на намалување на фискалните давачки до 85 отсто од нивното сегашно ниво. Ниту една мисија и цел не може да се постигне без доро осмислен пристап. Ќе воведам принцип на смарт финансии, рече Бесими. Ова ќе биде поправеден модел на јавни финансии“, најави Бесими. 

Во 2021, рече, ќе работиме да има позитивен раст, под услов да нема влошување од епидемиолошки аспект. На долг рок да имаме одржлив и инклузивен раст.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?