02 Мај, 2024
0.0261

Беснеат пожари во Грција, гори и на местото каде лани загинаа над 100 луѓе

Објавено во: Балкан 11 Август, 2019

Добивај вести на Viber

50 шумски пожари беснеат во Грција, од кои еден голем крај главниот град Атина.

Повеќе од 450 пожарникари и 23 канадери се мобилизирани во Грција во борбата против пожарите, додека еден песнее на островот Елафонисос и два околу градот Маратон, близу Атина.

Еден камп и еден хотел се евакуирани на островот Елафонисос, како и едно летувалиште близу Маратон, кој се наоѓа во близина на летувалиштетот Мати каде минатата 2018 година во еден од најголемите пожари во Грција загинаа 102 лица.

Метеоролозите предупредуваат дека температурите во недела ќе достигнат 40 Целзиусови степени во некои региони, каде што, исто така, се предвидуваат и силни ветрови.

Во петокот челникот на службата за цивилна заштита Никос Харадалис изјави дека првпат по 2012 година Грција е соочена со оваа опасна комбинација на големи горештини, силни ветрови и суша.

Командантот на грчката Национална противпожарна служба, Василеос Матајопулос, вчера прогласи највисок степен на опасност од шумски пожари во целата земја.

Како што објави АНА, одлуката ќе биде во сила во наредните три дена. Ова подразбира дека противпожарните, полициските и воените сили заеднички ќе патролираат на целата територија, додека сите други државни служби, како и локалните власти, исто така, ќе бидат во готовност.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“