Безмалку се што се потрошило од домашните платежни картички било во маркетите
Објавено во: Економија 24 Јули, 2020
Безмалку се што се потрошило од платежните картички од проектот „Купувам домашно“ било во маркетите, соопшти денеска Фатмир Битиќи, советник за економија во кабинетот на премиерот.
Според податоците обработени до 18 јули, од платежните картички во промет биле потрошени 17,7 милиони евра за домашни македонски производи, а до сега имало 1,2 милиони трансакции.
- Најчесто од парите се трошеле во маркетите, односно 89 отсто, потоа 5 отсто во рестораните, 3 проценти за облека и обувки и 2,3 проценти во аптеките, рече Битиќи на денешната прес-конференција.
Освен во овие дејности, добитниците на платежните картички потрошиле 12 милиони денари за мебел и 3 милиони денари за хотели и туризам.