08 Мај, 2024
0.0232

БИ-БИ-СИ: Пазарите се туристичка атракција на Белград

Објавено во: Стил 08 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Екипата на БИ-БИ-СИ која деновиве престојувала во Белград, тврди дека туристичка атракција на градот се пазарите.

Тие го обиколиле градот, ги запознале знаменитостите, и го посетиле пазарот Земун.

На тој начин екипата на оваа светски позната телевизија  имала можност да се запознае не само со архитектурата, туку и со земјоделските производи кои граѓаните на пазар ги купуваат.

Пазарот е во срцето на истоимената општина Земун, тука се гледа секојдневниот живот  на граѓаните, а оттука новинарите можеле да понесат нешто многу важно од Србија.

Серијалот ќе се емитува од септември, при што ќе бидат претставени три азиски и три европски метрополи меѓу кои е и Белград.