01 Мај, 2024
0.0263

Биодизелот и биоетанолот - решение за намалување на емисијата на штетни гасови

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Биогоривата значително придонесувааткон намалување на емисијата на CO2 од  транспортот. Половина од возилата на нашите патишта во 2018 година или над 208.000  биле дизел-возила, со просечна старост од 19,1 година. Тоа значи дека биодизелот, со неговата популаризација и помасовна употреба може да биде најдобра краткорочна мерка за намалување на загадувањето од транспортот.


Дополнително, дизел-горивото со биокомпонента му годи на моторот бидејќи обезбедува природно подмачкување на внатрешните делови, повисоката содржина на кислород обезбедува почисто согорување и намалување на остатоците од согорување во моторот, додека повисокиот цетански број од тој на обичниот дизел обезбедува посмирена работа на моторот и помало абење на деловите. 

Додека биодизелот на македонскиот пазар има удел од само 0,2 процента,  сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, а 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. На нашиот пазар нема понуда на биоетанол.

На патиштата во 2018 година имало вкупно 415.000 патнички возила од кои 86,7 проценти или над 360.000 биле постари од десет години. Од нив над 208.0000 или повеќе од половината биле дизел-возила.


Оттука и нѐ зачудува дека во потрошувачката на нафтените деривати на домашниот пазар во 2018 година доминираат дизел-горивата со 67,15 проценти. Според податоците од Извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика за 2018 година, на нашиот пазар се нашле вкупно 571.893 тони дизел-горива.

Извештајот на Европската агенција за животна средина за квалитетот и емисијата на стакленички гасови од горивата во транспортот во Европската Унија за 2017 година, објавен на 31 октомври 2019 година, покажува дека 72,3 проценти од вкупно продаденото гориво во 2017 година било дизел-гориво, а бензинот учествувал со 27,7 проценти.

На ниво на Европската Унија 71,9 проценти од бензинот продаден во 2017 година содржел до 5 проценти етанол, а 15,7 проценти и до 10 проценти етанол.

Од дизел-горивата продадени во Европската Унија во 2017 година 83,8 проценти содржеле до 7 проценти ФАМЕ, односно чист биодизел, а 16,2 проценти и повеќе од тоа. 


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор