06 Мај, 2024
0.0231

Биогоривата со удел од само 0,19 проценти во вкупната потрошувачка на горива во 2019

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Биогоривата учествуваат со 0,19 проценти во вкупната потрошувачка на нафтени деривати на домашниот пазар во 2019 година, покажува извештајот на Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа е намалување во однос на 2018 година кога учествуваат со 0,2 процента, иако со Стратегијата за развој на енергетиката се предвидува зголемување на учеството на биогоривата до 10 проценти до 2030 година.

Во потрошувачката на нафтени деривати минатата година доминираат дизел-горивата со 68,5 проценти, по што следат безоловните бензини со 11,02 процента, мазутот со 7,7 проценти и течниот нафтен гас со 7,8 проценти.

Продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар во 2019 година бележи раст од 10,17 проценти во однос на 2018 година, при што значителен раст од 12,4 проценти има кај дизел-горивото, односно во 2019 година биле продадени вкупно 642.742 тони, споредено со 571.893 тони во 2018 година. Бензините имаат раст од 2,7 отсто, а горивото теченнафтен гас (ТНГ) 1,8 проценти.

На нашиот пазар минатата година се продадени 1. 748 тони биогориво.

Обновливите извори што се користат во транспортот на ниво на Европската Унија се во постојан раст и во 2018 година нивниот удел изнесува осум проценти. Целта е до 2020 година да се достигне нивото од 10 проценти, а во 2030 до 14 проценти.

На бензинските станици во Европската Унија дизел-горивата содржат и до десет проценти чист биодизел. Истиот е блендиран со фосилното дизел-гориво на начин што ги задоволува нормите за квалитет, а, истовремено, ја намалува емисијата на штетни гасови. Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, додека 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. 

Стимулирањето на биодизелот и биоетанолот на нашиот пазар може да има двоен ефект – намалување на емисијата на штетни гасови од возилата и поттикнување на земјоделството преку домашно производство на основната суровина, односно маслодајната репка.

Единствената рафинерија за производството на биогорива во нашата земја е во сопственост на Макпетрол и работи од 2007 година. Има капацитет од 30 илјади тони годишно, а за производство на биодизел-гориво се користи нерафинирано масло од семе од маслодајна репка. 

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години