03 Мај, 2024
0.0250

БИСЛИМОВСКИ ИМ ПИША НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА И НА СИТЕ АМБАСАДИ: ВМРО-ДПМНЕ со протестот ни прави притисок, за струјата одлучивме согласно законите

Објавено во: Економија 10 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика ги информирала Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, како и дел од меѓународните дипломатските претставници во земјава во врска со последните случувања во земјава поврзани со нејзината одлука од 21 јули годинава за зголемување на цената на струјата, односно за одобрување на регулираниот максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачи, кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје.

По донесувањето на Одлука повремено се одржуваат протести во организација на собири на здруженија и граѓани, кои за РКЕ се легитимни, но протестот организиран од страна на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ која бара укинување на одлуката е директен притисок врз нашата работа, велат регулаторите.

Како претседател на Регулаторната комисија за енергетика сакам да Ве уверам дека Регулаторната комисија за енергетика е секогаш подготвена за дијалог со сите заинтересирани страни, но секогаш ќе биде независна во своето одлучување и никогаш нема да потклекне под различни притисоци и влијанија. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена врз основа на Законот за енергетика и соодветните подзаконски акти во коишто се инкорпорирани начелата на законодавството на Европската унија и европските стандарди, со анализирање на податоците за финансиското работење на вршителите на енергетските дејности. Истовремено, со донесената одлука се обезбедува непречено функционирање на електроенергетскиот систем – сигурност, стабилност и доверливост во испораката на електрична енергија што е од особено значење токму во пресрет на зимскиот период. Притоа, со донесената одлука се изврши значајно намалување на барањата на вршителите на енергетските дејности за покачување на цените на нивните услуги, односно не им се признати сите пријавени трошоци, освен оние за коишто Регулаторната комисија за енергетика смета дека се оправдани“ вели Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во официјално писмо кое РКЕ го достави до Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, Делегација на Европската Унија во земјава, и Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Можеби ќе ве интересира

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години