12 Мај, 2024
0.0242

Бислимовски: Порамнувањето на сметките за парно ќе биде за 20 отсто поевтино

Објавено во: Економија 19 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Марко Бислимовски, претседсателот на Регулаторнаката комисија за енергетика во интервју за РСЕ рече дека од денеска е донесена официјална одлука граѓаните кои се погодени од корона кризата, сметките за март, април и мај да ги плаќаат на рати и без камата доколку имаат минимални приходи во своите домови.

-Денеска сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со компаниите од енергетскиот сектор – ЕВН и БЕГ снабдување, на погодените граѓани ќе се овозможи за месеците мај, април и март да можат своите трошоци доколку не се во можност да ги покријат да ги плаќаат на рати и притоа каматата заради заостанатото плаќање нема да се калкулира, значи за три месеци ќе имаат можност најпогодените граѓани да си ги платат своите трошоци за електрична енергија и за топлинска енергија на рати и притоа каматата воопшто нема да им се калкулира – вели Бислимовски.

Тој најави дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигнуваат порамнителните сметки на потрошувачите за топлинска енергија кои пак ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти. Додека за најавите дека ќе се зголемува акцизата на горивата смета дека тоа нема да предизвика ценовни шокови, затоа што дериватите се намалени за 20 денари во изминатиот период

- Во однос на акцизата за нафтените деривати тоа е одлука пред се на Владата, тие најдобро ги знаат приходите кои што се прибираат. Цената на нафтените деривати се намалени за 20 денари, но се намалуваат и приходите на ДДВ, а има и помала потрошувачка. Доколку има зголемување на акцизата, тоа нема да предизвика инфлација. Не верувам дека ќе има ценовни шокови, рече Бислимовски.

Оваа година че очекува зголемување на цената на струјата, затоа што 30 и 40 милиони евра драстично се намалени од трошоците во рудниците на АД ЕСМ што значи и сигурна ценовна стабилност.. 

- Во основа на тоа и цената на ЕЛЕМ, односно на ЕСМ по ново која што им ја продава кон ЕВН home е намалена за 15-тина проценти, така што имаме сигурна ценовна стабилност во овој момент за домаќинствата коишто се на регулираниот пазар на електрична енергија и сега ќе видиме какви ќе бидат приликите при поднесувањето на барањата за цен, вели Бислимовски.

Тој додаде дека за да му се додели лиценца на Градски енергетски системи за превземање на топловодната мрежа, треба да му се одземе истата на Балкан енерџи груп, кој како што вели Бислимовски, има долгорочен договор со Претпријатието за станбен и деловен простор и би можело во тој случак државата да се доведе во ситуација да биде дадена пред арбитража, така то целата работа треба добро да се анализира.

Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска