02 Мај, 2024
0.2564

Битиќи: Граѓаните треба да ја добијат помошта од 6.000 денари за десетина дена, ќе има време да ги потрошат

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција за бескаматната кредитна линија, меѓудругото, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека очекува граѓаните-корисници предвидени со новото законско решение изгласнао во Собранието очекува да ја добијат финансиската помош од 6.000 денари за десетина дена.

Битиќи вели дека конечниот список на граѓаните-корисници на оваа помош не може да биде направена се додека законот не биде објавен во Службен весник. Фиинансиската помош од 6.000 денари теоретски опфаќа 283.000 сограѓани во рамки на четвртиот пакет економски мерки.

- Штом излезе во Службен весник, се прават сите оперативни чекори за да може банките да ги примат списоците на граѓани кои ќе бидат дадени од Владата и соодветно потоа банките ќе треба соодветни да ги операционализираат. Јас се надевам  Јас се надевам дека оваа операција најдоцна ќе биде завршена за десетина дена и после ќе течат роковите, но секако на граѓаните ќе им биде дадено доволно време според законот да имаат за користење на средствата. Оперативните детали ќе следуваат штом законот излезе во Службен весник, бидејќи без тоа немаме право да им ги даваме списоците на банките и не можеме да го направиме конечниот список.

Во саботата Собранието го изгласа Законот за финансиска помош на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. 

Овој пат, а поради потребата од брза реализација на мерката и заштеда на време потребно за печатење на платежни картички, мерката ќе се реализира преку исплаќање на средства на постоечка трансакциска сметка на граѓаните кои веќе поседуваат сметка во банка и дебитна картичка за користење на средствата од истата. За граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банка, средствата ќе бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата, при што во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што примената финансиска поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка. 


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?