04 Мај, 2024
0.0470

Битиќи: Трите сета мерки помогнаа на угостителството и туризмот, четвртиот ќе помогне на сите на кои им треба дополнителна поддршка

Објавено во: Економија 08 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со претставниците на Независната угостителска комора (НУК), со кои разговараше за нивните видувања во однос на досегашната поддршка на стопанството преку имплементацијата на трите сета антикризни мерки, а дискутираа и за новиот, четврт сет на мерки, кој се очекува Владата да го усвои и објави во периодот кој следи.

Вицепремиерот посочи дека Владата уште од самиот почеток, имајќи го предвид глобалното влијание на пандемијата, како и ограничувачките мерки за заштита и превенција од ширењето на коронавирусот Ковид 19, ги детектираше угостителскиот и туристичкиот сектор како сектори кои би можело да имаат најсериозни негативни последици. Токму заради тоа, додаде Битиќи, Владата креираше три сета на мерки, во кои главен фокус беше ставен токму на поддршката на угостителскиот и туристичкиот сектор, но и на сите други компании кои бележеа загуби поради пандемијата.

Бизнис секторот позитивно одговори на креираните мерки. Компаниите од угостителството и туризмот, се јавуваат во најголем број како апликанти за бескаматните кредити кои што се доделуваат преку Развојната банка на Република Северна Македонија, а со кои се одржа ликвидноста на компаниите, голем број на компании од овие сектори ја искористија и можноста да аплицираат и да ја добијат поддршката за исплата на минималната плата за своите вработени, со што се зачуваа огромен број на работни места, а преку ваучерите за купување на домашни производи и за домашен туризам, дополнително се раздвижија и угостителствот и туризмот.

Вицепремиерот Битиќи, во дискусијата со претставниците на НУК, рече дека четвртиот сет на мерки, којшто интензивно се подготвува, ќе биде сеопфатен и ќе пружи вистинска поддршка токму на оние на кои таа им треба. Угостителскиот и туристичкиот сектор, сеуште се далеку од посакуваното ниво, а Владата ќе ги направи сите напори да ги поддржи вработените и компаниите од овие сектори и да зачува колку што е можно повеќе работни места за граѓаните. 


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?