01 Мај, 2024
0.0306

Биткоинот достигна 13.000 долари на берзата во Зимбабве

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Политичките турбуленции и државниот удар ја зголемија цената на биткоинот на 13.000 долари на берзата за дигитални валути на Зимбабве. Нивото е речиси двојно повисоко од крипто валутата на светските пазари.

Побарувачката се искачи на Golix, единствената локална берза откако војската го стави 93-годишниот лидер Роберт Мугабе во домашен притвор.

Биткоинот одамна има повисока вредност во Зимбабве, бидејќи поради годините на хиперинфлација, локалната валута се амортизирала.

Појавата на тенкови на улиците на главниот град Хараре ја зголеми разликата во цената. Биткоинот се тргуваше на меѓународни берзи за околу 7.500 долари во четвртокот. Дигиталната валута е широко користена во Зимбабве, каде што продавачите и купувачите тргуваат директно.

Повисоките цени на Биткоин во Зимбабве се чини дека се резултат на дисфункционалната економија на земјата и несогласување на понудата и побарувачката. Од 2009 година, бизнисот на земјата функционира во голем број на девизи, но девизниот курс на црниот пазар во голема мера е сериозно нарушен. Доларите се недоволни и постојат строги капитални мерки.

Минатата година, земјата почна да печати обврзници во американски долари - во обид да се олесни хроничниот недостиг на пари. Но, многу граѓани на Зимбабве се загрижени дека ова е дупка за повторно воведување на локална валута која ќе биде осудена на масовна девалвација.

Исто така постои и проблемот што локалната побарувачка на Биткоин далеку ја надминува понудата. Само 16 биткоини биле тргувани на берзата Golix во последните 24 часа, а во претходниот месец само 160.

Биткоинот се создава преку "екстракција" - процес во кој компјутерите се натпреваруваат за решавање на сложени математички проблеми, а победниците се наградени со дигиталната валута. За екстракција потребна е огромна количина електрична енергија, а Golix тврди дека цените на енергијата во регионот се премногу високи за да се направи процесот економичен.

„Биткоин во циркулација во Африка доаѓа од луѓе кои го купиле на берзите на друго место“, објави веб-страницата на берзата. Golix не дозволува продавачите на Биткоинда ги земат своите пари.

фото: Pixabay


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?