БИТКОИНОТ И РИЗИЦИТЕ: Тоа е секако меур, треба да се знае кога да се инвестира, а кога да се прерстане
Објавено во: Финансии 10 Февруари, 2021
Монетарните власти се внимателни и предупредуваат дека издавањето и тргувањето со биткоинот не е регулирано, и може да биде ризично.
За разлика од НБМ која предупредува дека вредноста на биткоинот некогаш може да расте, но дека некогаш неговата вредност може да падне на нула, професорот Мартин Михајлов од Економскиот факултет при УКИМ смета дека тоа нема да се случи.
„Јас сметам дека вредноста на биткоинот нема да падне на нула, бидејќи луѓето одлучиле дека ќе го користат и ќе инвестираат во него. На пример, еден касетофон може да нема вредност бидејќи луѓето едноставно веќе не го користат. Нешто нема вредност доколку луѓето од тоа се откажуваат, а во случајот со биткоинот сме далеку од тоа сценарио. За да се откажат од биткоинот, треба да има нешто подобро, а нешто подобро во моментов нема“, вели Михајлов.
На нашето прашање каков совет би дал до граѓаните во земјава, тој објаснува дека давањето совет дали да се инвестира или не во биткоинот е неблагодарна работа. Но, професорот сугерира дека секој кој би одлучил да инвестира во биткоинот, треба малку да се образува за што станува збор.