26 Април, 2024
0.0328

БИЗНИС ЗДЕЛКА ОД 17 МИЛИОНИ ЕВРА: Јаневски го мерка земјиштето на Меркатор во Карпош!

Објавено во: Економија 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Бизнисменот Светозар Јаневски го купува земјиштето на Меркатор лоцирано  во близина на спортската сала Борис Трајковски, дознава Фактор. Преговорите со Словенците се во завршна фаза. Сепак, извори за Фактор брифираат дека имало нерасчистени имотно –правни односи, што ја одолговлекувало постапката. Неофицијалните информации велат дека за зделката бизнисменот Светозар Јаневски  ќе треба да плати 17 милиони евра.

Официјално ниту од бизнисменот Јаневски, ниту од инвестициската група М6 нема потврда на ваквата информацијата, но нема ниту демант. Нејасно е дали  Јаневски сам влегува во оваа зделка или преку М6.

Од општина Карпош пак, каде се наоѓа земјиштето велат дека тие немаат сознанија, и за тоа треба да се праша сопственикот на парцелата.  

„Доколку има  дел на државата тогаш процедурата е да се оди со дооформување на парцела, “ велат од општина Карпош за Фактор.

На локацијата, која според сознанијата ја купува Свето Јаневски – може да се градат станбени згради или комерцијални објекти со деловен простор

„Инаку според Деталниот урбанистички план намената на тој дел е А2 –домување и Б комерцијални објекти со деловен простор, “велат од општина Карпош за Фактор.

Дали и што ќе гради  македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски на парцелата за која преговара со Словенците, дали  по неколкуте други бизниси  ќе се впушти и во изградба на згради или деловни објекти – засега нема официјален коментар.

Словенечки Мерктор со години најавуваше дека ќе гради трговски центар на локацијата, но досега тоа не се случи. Беше раскинат и дооворот со државата за делот од државното земјиште што го имаше купено со дооформување на парцела, поради неисполнување на условите односно поради тоа што не започна со градба навреме.

Меркатор , првично својот влез сакаше да биде со купување на парцелата на локацијата спроти НБРМ, каде сега се наоѓа Веро центар.  Но, се јавија проблеми со продажбата, се поништуваа тендери и имаше обвинувања за местење на купопродажбата. Следуваше нова јавна аукција за земјиштето по Меркатор, отпадна од игра и локацијата заврши во рацете на грчки Веро. Потоа, Меркатор ја купи локацијата кај Борис Трајковски, но и оваа зделка се искомплицира и Словенците не успејаа досега да ја реализираат најавената изнвестиција во земјава.

Пред неколку години пак, беше уапсен Слободан Богоевски, поранешниот разузнавач и директор на УБК, и уште двајца адвокати, а причината беше  малверзација со парцелата за словенечки Меркатор, во близина на спорската сала Борис Трајковски.

С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра