08 Мај, 2024
0.0252

Блокиран Советот на Гази Баба - советниците постапуваат по наредба на Груевски

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Новиот градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски  денеска информираше дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја блокирала работата на општина Гази Баба. 

Георгиевски вели дека причината за блокадата било солидаризирањето на советниците со притворените учесници и организатори на насилниот упад во Собранието на 27 парил. Со оваа постапка, тие спречиле донесување нацрт буџет на општината.

Градоначалникот вели дека наместо да одберат развој и буџет на општината, ВМРО-ДПМНЕ одбра да постапи по наредба на Никола Груевски. 

„Ова не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да ја блокира работата на Советот на општината. Оваа блокада која денеска ја прават значи опасност да се исплаќаат плати, да се реализираат веќе започнатите активности, со еден збор блокада на системот на општината, која е на директна штета на граѓаните“- вели градоначалникот Георгиевски.

ВМРО-ДПМНЕ со оваа постапка на блокада го спречувала реализирањето на шест проекти во општината, потенцирајќи дека истите се во интерес за подобри услови за живот на граѓаните.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ тоне, не дозволувам да не повлече и нас. Токму затоа согласно овластувањата, а се со цел да не трпи општината и граѓаните. Заедно со администрацијата во општината Гази Баба и советниците од советничката група на СДСМ и коалицијата, во текот на оваа недела ќе ги завршиме сите планирани средби со граѓаните, бизнис секторот и невладините организации за нивните барања за да не трпат обврските кои ги има општината. Доколку советниците на ВМРО –ДПМНЕ не се вразумат и продолжат со блокирањето на буџетот ќе одиме со мерката времено финансирање на општината“- додаде градоначалникот Георгиевски.

Тој и порача на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека протестираат на погрешна адреса и според него, општината Гази Баба не е кривичен орган и не притвора никого.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава