03 Мај, 2024
0.0311

Боемската улица во Скопје се проширува

Објавено во: Стил 27 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Познатата „боемска улица” во Скопје ќе добие продолжение. Улицата Ѓорги Пешков ќе се прошири од кафеаната „Идадија” до Градежниот факултет.

Ова го најавија вчера од општина Центар.

Пешачкиот дел ќе се протега од кафеаната „Идадија“ до Основното училиште „Коле Неделковски“, а двете улици ќе се поврзат со подигнување на коловозот на улицата Орце Николов.

Од општината нагласија дека улицата нема да биде целосно затворена, туку во употреба ќе биде оставена една коловозна лента, а сообраќајот секој ден ќе биде затворен од 20 часот до полноќ.