02 Мај, 2024
0.0260

Богатството не доаѓа случајно: 5 работи кои моќните никогаш не ги прават!

Објавено во: Стил 02 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Богатството на никој не му се случува случајно, тврдат научниците. Имено, богатите луѓе усвојуваат одредени модели на однесување кои ги одвојуваат од останатите и со време го зголемуваат салдото на нивните банкарски сметки.

НЕ ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА ДУРИ И КОГА СИТЕ ДРУГИ ТОА ГО ПРАВАТ

Просечно време за заминување во пензија е 60 години, но оние со најмногу заштеди и со највисоки примања во САД во пензија не планираат пред да наполнат 70, покажа едно истражување. Речиси половина од луѓето кои заработуваат повеќе од 75.000 долари годишно велат дека планираат да работат и после пензија. Можно е да побараат помалку стресна работа или скратено работно време, но ќе останат во работен однос, бидејќи сметаат дека, што подоцна ќе отидат во пензија, таа ќе биде поголема.

НЕ СЕ БУДАТ ВО 6  И НЕ ОДГОВАРААТ НА МЕЈЛОВИ

Некои од најуспешните луѓе на светот се будат околу 5 часот, а тој додатниот час ќе го потрошат подготвувајќи се за состанок. Електронската пошта ја проверуваат на пат до работа.

НЕ ОДБИВААТ ПОНУДА ЗА РАБОТА

Повеќето луѓе кои заработуваат повеќе од просек често размислуваат за следниот чекор во кариерата и секогаш се во потрага по напредување. Аманда Авхустин, експерт за барање работа, вели дека таа група е подготвена да прифати и лоши работи во фирмата за која веруваат дека им нуди подобра можност за напредок. Сите вработени, вели таа, може да научат од нивниот пример.

НЕ КУПУВААТ АКО МОЖЕ ДА ИЗНАЈМАТ

Сонот на Американецот е да поседува свој дом, но не го купуваат сите тоа кои го можат. Едно од правилат вели да не купувате куќа во која нема да живеете подолго од 5 години. Изнајмувањето, според зборовите на агентот за недвижнини Мајкл Корбет, е популарно повеќе од секогап, дури и меѓу богатите.

НЕ КУПУВААТ ПРОИЗВОД ДОДЕКА НЕ ГИ СПОРЕДАТ ЦЕНИТЕ

Богатите луѓе секогаш внимаваат на цената на она што го купуваат. Доколку истата работа може да ја купат поефтино во некоја продавница токму тоа ќе го направат. Затоа не купуваат „на прва“, туку бараат поволни услови за купување и пониски цени, пишува Хафингтон пост.