Борел и Вархеји потсетија кои се домашните задачи на Македонија на патот кон ЕУ
Објавено во: Македонија 17 Март, 2023
Потпретседателот на Европската Комисија Жозеф Борел од Скопје им порача на македонските власти дека ова било најдобрата зделка која може да се направи, повторна шанса нема да има. Борел истакна дека реформите остануваат клучен сегмент на кој Македонија мора да работи.
Еврокомесарот Оливер Вархеји вели дека е потребно национално единство за да се продолжи процесот на интеграција. Брисел е подготвен, но, земјава освен реформите, треба да ги направи и уставните измени.
Премиерот Димитар Ковачевски очекува опозицијата да ја прифати поканата за учество во подготвувањето на уставните измени, бидејќи според него, обврска на партиите е да носат одговорни одлуки.
„Сета работа на Владата е поставена на линија на европската агенда и колку и да звучи амбициозно, јас и сите ние во Владата, веруваме дека Република Северна Македонија во моментов има политички капацитети коишто можат да придонесат, по успешно завршениот скрининг процес во ноември, со динамично темпо да влеземе во преговарачкиот процес и до 2030 година да станеме членка на ЕУ“, додаде премиерот Ковачевски.
Оптимист е дека земјава ќе стане членка на ЕУ.