26 Април, 2024
0.0265

Борис Ефтимовски избран за нов Претседател на ИАБ Македонија

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Борис Ефтимовски, сопственик на специјализираниот портал „Маркетинг365“ и професионалец од областа на маркетингот и односи со јавноста, е избран за нов Претседател на ИАБ Македонија, здружението чија основна цел е развој и унапредување на дигиталниот адвертајзинг пазар.

Ефтимовски на позицијата доаѓа на местото на Игор Поповски од „ЦрноБело Медиа“ кој го предводеше здружението во изминатата година. За нов потпретседател е избран Дарко Лазаревски од „Кајгана Медиа“, а за генерален секретар на здружението реизбран е Никола Анчевски од агенцијата „Ovation“.

На изборното собрание кое минатата недела се оддржа во „Public Room“во Скопје, собранието на ИАБ Македонија избра и нов извршен и надзорен одбор.

Новиот извршен одбор, покрај Претседателот Борис Ефтимовски, ќе го сочинуваат и: Дарко Лазаревски (Кајгана Медиа), Никола Анчевски (Ovation), Ира Бабиќ (Бренд Јунион), Дамјан Дано (IT.mk / ИВМ Нетворк), Ненад Ристевски (PublicisOne Македонија), Мери Шешо (Меккен Скопје), Сашка Николова (Медиа План) и Игор Поповски (Црно Бело).

За членови на Надзорен одбор се избрани претставници од агенциите Хттпоол, Дирецт Медиа и Универзал Медиа.

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија е формирано во 2012 година од страна на најголемите македонски дигитални медиуми, маркетинг агенции и огласувачи, и е дел од светската мрежа на IAB USA. Некои од главните цели и активности на здружението се: промоција на индустријата и запознавање на јавноста со можностите и бенефитите од огласувањето на интернет; организација на семинари, трибини, конференции со теми од областа на дигитални медиуми; дефинирање на стандарди за огласување на интернет, како исправување со проблемите кои произлегуваат од индустријата.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет