08 Мај, 2024
0.0239

Босна и Херцеговина - поделена земја среде Европа

Босна и Херцеговина останува проблематичното дете во Југоисточна Европа, кое и во иднина ќе и создава големи грижи на ЕУ...

Објавено во: Балкан 27 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

На 2 октомври 2016 година во Босна и Херцеговина се закажани избори за локални органи на власта. И тоа објаснува сѐ. Бидејќи во претежно населената со Срби „Република Српска“, економската и политичката ситуација е катастрофална, вели во својата анализа Бенјамин Парган од Дојче Веле.

Претседателот на овој етнос, Милорад Додик и неговата корумпирана и арогантна политичка клика, не можат да се пофалат со никакви успеси. Многу од неговите поданици живеат во ужасна сиромаштија, невработеноста е катастрофално висока, инфраструктурата е уништена и повеќето млади бегаат во странство. За да ги извади своите гласачи од безнадежна ситуација и да ги стави во борбен, ирационален-патриотски транс, Додик прибегнува до испробаните и омилени средства на сите популисти на Балканот. 

Прво создава впечаток за драматична закана, надвисната над сопствената нација. Потоа соседните народи се прогласени за предавници, што сеуште функционира беспрекорно на Балканот. И конечно на сцената се појавува најголемиот лидер како спасител на загрозената нација. Премногу избирачи на Балканот често подлегнуваат со задоволство на слични играчки и за неколку недели заборават за своето тажно секојдневие и безбројните корупциски афери на самопрогласениот спасител на нацијата. Овие механизми секогаш функционирале совршено во Босна и Херцеговина, исто како и кај другите етнички групи во земјата.

Тешка криза

Неизвесниот референдум во Република Српска може да се земе прифати како предизборна врева и лош театар, но пред се тој е, и останува, вонредно прекршување на уставот. Кои се резултатите од сенародниот референдум? 9 јануари останува „национален“ празник. Босанските Срби го слават на овој датум основањето на нивната република. За Босанците и Хрватите во Босна и Херцеговина, сепак, овој ден го обележува почетокот на босанската војна. Референдумот ја внесува и без тоа нестабилната земја во тешка криза и го загрозува патот на Босна и Херцеговина кон Европа. Самиот факт дека референдумот воопшто беше спроведен, е тежок пораз за владеењето на правото во Босна и Херцеговина, поддржана со толку многу финансиска помош од странство.

И правната држава не успеа да го спречи овој референдум. Уште поголем е поразот за т. н. меѓународна заедница и најмногу на високиот претставник на ЕУ во Босна и Херцеговина. Во моментов таа улога ја исполнува австрискиот дипломат Валентин Инцко. Во моментов тој е олицетворение на безуспешниот и несреќен протокторат, каков формално е Босна и Херцеговина.

Двојните структури се непотребни

Забранетиот од Уставниот суд и остро критикуван од ЕУ референдум, е уште еден доказ дека овие двојни структури меѓу локалните власти и меѓународните учесници не функционираат и на крајот се неефикасни и немоќни. Зашто ниту локалните политичари, ниту претставниците на протекторатот можат да го гарантираат владеењето на правото. И ова е можеби најважниот заклучок од референдумот. 

Босна и Херцеговина останува проблематичното дете во Југоисточна Европа, кое и во иднина ќе и создава големи грижи на ЕУ од гледна точка на Геостратешката положба. Неслучајно Милорад Додик обезбеди благослов на рускиот претседател за референдумот и со негова поддршка ги игнорира сите предупредувања од Брисел и Вашингтон. Малата Босна и Херцеговина секогаш била стратешка играчка во рацете на регионалните ривали Србија и Хрватска. Затоа е уште поважно во изострениот амбиент по референдумот најмногу Србија и нејзиниот силен премиер, Алексанъдр Вучиќ да покажат умереност и да дејствуваат конструктивно. 

Има уште многу работа за сите учесници. Бидејќи референдумот е чекор назад за целиот регион и доказ дека Западен Балкан може во секое време да ја зацврсти својата позиција на нестабилен и проблематичен двор на Европа, смета Парган.


Можеби ќе ве интересира

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена