02 Мај, 2024
0.0274

ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА - Бранко Азески: 99 години од Комората, посакувам државата и поединецот да ја достигнат таа бројка

Објавено во: Економија 25 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања од следната година.

Бранко Азески е претседател на Стопанската комора на Македонија. Таа следната година ќе слави 99 години од постоењето – значајна бројка. Самиот очекува 2021 година да е комплицирана, испреплетена со здравствена и со економска криза, која е необична, па затоа, вели ќе бидат необични и предвидувањата.

„Очекувањата на бизнисот ние јавно ги презентиравме со промоцијата на брошурата „Македонската економија во тековниот период и во периодот на постковид 19“, со мотото дека кризата е шанса за менување на структурата на нашата економија или, како што ние тоа го нарекуваме, „За посилна македонска економија во периодот на постковид 19“. Најпросто кажано, конечно да зачекориме кон европските вредности, да ги подобриме односите меѓу капиталот и трудот, меѓу јавниот и приватниот сектор и да обезбедиме континуитет достоен за една мала земја, но земја која пред себе има јасна цел – да го подобри стандардот на населението и да овозможи поголем профит за компаниите. Нормално, пред сè, човековите животи се прв приоритет во битката со короната, која, веројатно, ќе ја обележи и наредната 2021 година.  Може ли човек, лично за себе, да очекува нешто повеќе од тоа да остане спокоен во вакви услови? Не смееме да ги изгубиме надежта и оптимизмот, а, нормално, мораме и беспрекорно да се придржуваме кон мерките што се пропишани во борбата со пандемијата која го зафати сиот свет. Бидејќи 2021 година е година во која ќе ја одбележиме 99- годишнината од постоењето на Комората и коморскиот систем во нашата земја, на сите им посакувам да ја доживеат таа бројка на години, а државата да тргне по патот што ќе ѝ овозможи егзистенција во наредните 69 години за да ја достигне таа бројка, вели Азески за Фактор.


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности