02 Мај, 2024
0.0278

Британскиот совет во Северна Македонија објавува воведување на IELTS на компјутер

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

На 29 октомври, Британскиот совет воведе програма преку којашто полагањето на IELTS на компјутер ќе биде достапно и во Северна Македонија.

 IELTS е еден од најпопуларните и најважни тестови по англиски јазик во светот со над три и пол милиони тестови полагани во минатата година, и е прифатен од повеќе од 10 000 универзитети, училишта, работодавачи и имиграциски власти. 

Во текот на изминатите години, Британскиот совет во Северна Македонија беше лидер во обезбедувањето можности за студенти и професионалци во целата земја преку IELTS, со што им помагаше да ги реализираат своите амбиции. 

Ние постојано го подобруваме тестот IELTS за да го подобриме искуството на нашите кандидати и сите заинтересирани. Продолжувајќи го ова патување, отсега, кандидатите на тестот во Северна Македонија ќе можат да го полагаат IELTS на компјутер, во нашиот тест центар во Скопје од 29 ноември 2019 година.

IELTS на компјутер нема да го замени IELTS на хартија, но нуди избор во начинот на полагање и поголема достапност. Кандидатите сега можат да го полагаат IELTS на начин и време коишто најмногу им одговараат. Исто така, тие може да ги добијат резултатите побрзо, помеѓу пет и седум календарски дена по полагањето на тестот. 

Содржината и структурата на тестот остануваат исти и во двете опции, и она што е важно, тестот за зборување ќе продолжи да се спроведува во живо со обучен испитувач за IELTS. Без разлика дали кандидатите го полагаат IELTS на хартија или на компјутер, тие можат да бидат сигурни дека го полагаат истиот веродостоен тест за англиски јазик. Компјутерското решение е безбедно и може да осигурa безбедност според највисоките стандарди во светот, мерки за осигурување на квалитетот и оперативни придобивки по кои е познат IELTS.

Ангус Бјарнасон, заменик директор на Британскиот совет за Западен Балкан, изјави: „Надградувајќи го нашиот успех во обезбедување на најпопуларниот и широко признат тест за англиски јазик во светот, задоволство ми е да го објавам воведувањето на IELTS на компјутер во Северна Македонија. Верзијата што се полага на компјутер ќе понуди поголем избор и ново искуство во полагањето на тестот за илјадници студенти и ielts.org IELTS is jointly owned by the British Council. IDP: IELTS Australia and Cambridge Assessment English. професионалци, со што ќе им се отворат вратите за учење во водечките академски институции и подобрување на нивните можности за кариера“.

Посветен на поддршката на кандидатите при нивната подготовка, Британскиот совет исто така нуди различни алатки, од бесплатни тестови за вежбање и курсот Патот до IELTS до бесплатна алатка за подготовка за IELTS. Полагањето на IELTS на компјутер во Северна Македонија ќе се администрира во Скопје. За повеќе информации, посетете ја веб страницата British Council North Macedonia website.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор