БУЏЕТ ПОТЕЖОК ОД ПЕТ МИЛИЈАРИ ЕВРА - власта ја „скрои“ државната каса за следната година
Објавено во: Финансии 02 Ноември, 2022
Владата на Република Македонија, на денешната 98-ма седница, го усвои Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, предложен од Министерството за финансии.
Грубите пресметки велат дека буџетот за следната година ќе изнесува 5,3 милијарди евра.
Само за илустрација ребалансираниот буџет за оваа година изнесувал 4,7 милијарди евра, што значи дека буџетот за следната година ќе биде потежок за 600 милиони евра.
Ова е соопштено по денешната 98-та владина седница, кога од Владата соопштија дека усвоен е Предлог Буџетот за 2023 година..