Бугарија не престанува да се тресе
Објавено во: Балкан 23 Февруари, 2018
Серија на послаби земјотреси се регистрирани во јужна Бугарија во изминатите 24 часа, од кои најсилниот бил со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала.
Последниот потрес бил регистриран ноќеска во еден часот, на 15 километри југоисточно од Пловдив. Најсилниот земјотрес ја погоди областа на Пловдив во ноќта помеѓу средата и четврток. Потоа следуваа уште најмалку 20 помали потреси. Во серијата земјотреси нема повредени лица, ниту пак е причинета поголема материјална штета, пренесува БТА.