08 Мај, 2024
0.0236

Бунт против промената на името на Астана

Објавено во: Свет 21 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Полицијата во главниот град на Казахстан, Астана уапси околу 20 луѓе кои протестираа против преименувањето на градот, откако поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев на 19 март даде оставка од функцијата по скоро 30-годишно владеење.

Демонстрантите кои протестираа пред канцеларијата на градоначалникот во Астана, беа соочени со десетици луѓе кои поддржуваат преименување на градот. 

Казахстанскиот Парламент вчера одобри закон за преименување на Астана во Нурсултан, неколку часа отакако предлогот го даде новоназначениот привремен претседател Касим Зомарт Токаев.

Тој исто така повика главните улици во сите градови низ Казахстан да бидат именувани по 78-годишниот Назарбаев.

Нурсултан Назарбајев(78) во вторникот си поднесе оставка, што беше големо изненадување за сите.

Нурсултан имал свој план. Веднаш утредента по оставката главниот град Астана е именуван во негово име и ќе се вика Нурсултан. Новиот претседател Касим Џомарт Токајев положи заклетва и веднаш предложо на местото претседател на парламентот да се именува ќерката на долгогодишниот претседател Назарбајев, Дариџе.

Во случај на оставка или смрт на претседателот, функцијата претседател на државата ја презема претседателот на Парламентот. Во април 2020 година, во Казахстан ќе се одржат претседателски избори,  така што се очекува на нив да победи ќерката на ,,вечниот лидер”.

Ќерката на Назарбајев беше директорка на националната телевизија, како и потпретседател на владата. Има три деца, а во 2000 година формирала и своја партија.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО: Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО: Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци

НА 15 КИЛОМЕТРИ ОД РАФА: „Никнува“ нов град во Египет

НА 15 КИЛОМЕТРИ ОД РАФА: „Никнува“ нов град во Египет

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

(ВИДЕО) ОВА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ „ПОДАРОК“ ЗА ПУТИН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Украина уапси руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

(ВИДЕО) ОВА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ „ПОДАРОК“ ЗА ПУТИН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Украина уапси руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид