Бурата „Фернанд“ се формираше и се движи кон запад
Објавено во: Свет 03 Септември, 2019
Tропската бура „Фернанд“ денеска се формира во Мексикански Залив, а на североисточниот брег од Мексико веќе е издадено предупредување.
Центарот на бурата е околу 255 километри источно од градот Ла Песка во Мексико и се движи кон запад со брзина од 11 километри на час.
Максималната брзина на ветерот е 65 километри на час.
Американскиот национален центар за урагани соопшти дека се очекува бурата да се засили пред да се насочи кон копното.
Претходно, ураганот Доријан направи штети на Бахамите.