Бутарис: Разочаран сум што 25 години не преземање ништо нe не натераа да размислуваме поинаку
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2018
Солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис изјави дека сфаќањето дека Македонија е само грчка и ништо повеќе од тоа е мошне лошо.
Тој за грчката агенција АНА-МПА, како што пренесува МИА, вели дека кога се пристапува кон решавање на одреден проблем, потребно е да се земат предвид сите вклучени страни во спорот.
Во врска со протестот во Солун против користење на терминот Македонија во решението за името, што се одржа во неделата, и во кој учество земаа околу 90.000 лица, Бутарис смета дека таа појава воопшто не им помогнала на преговорите и не го решила проблемот.
„Несомнено митингот беше грандиозен и впечатлив. Разочаран сум што 25 години не преземање ништо нѐ не натераа да размислуваме поинаку“ - рече Бутарис.
Кажа дека протестот го гледал на телевизија.
„Не е во прашање само името. Доколку во Уставот на соседите и натаму има иредентистички тенденции, прашањето нема да се промени“- додаде Бутарис.
Тој и претходно се изјасни дека е против протести за спорот за името.