22 Ноември, 2017
0.3830
    ALK 7231.17    -1.62%     BESK 10300    0%     GRNT 808.46    0.93%     KJUBI 1400    0%     KMB 2697.06    -0.11%     MPT 26306.88    -2.2%     OKTA 2530    -8.1%     RMDEN14 92.2    -2.95%     RZLV 45    0%     RZTK 450    1.81%     RZUS 106    -3.64%     SBT 1987    -9.86%     TNB 13500    0%     TPLF 1605.19    -0.11%     TTK 803.72    -1.5%     ZPKO 2601    0.04%

Царовскa: Ќе стојам позади секој работник кој ќе пријави злоупотреба со минимална плата

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2017

Министерката за труд и социјална политика,  Мила Царовска денеска изјави дека има информации за злоупотреби на исплатата на минимална плата, односно за барања од работодавците до работниците да им вратат дел од средствата. 

Според податоците на УЈП над 90 проценти од работниците кои имаат ниски примања ја добиле загарантираната минимална плата. Малиот интерес за субвенционирање на исплатата  најверојатно е резултат на можноста на компаниите тоа да го направат без помош на државата, рече Царовска.

Царовска апелираше работниците да се охрабрат, да пријават за да можат да се преземат мерки.

„Не само што е прекршок, туку е кривично дело вие од работникот да земате пари назад во кеш или да исплаќате плата на рака. Ги замолувам сите работници да се охрабрат и конечно да ја завршиме таа работа за злоупотреба на работната сила во компаниите. Јас искрено ќе стојам позади секој работник кој ќе пријави ваква злоупотреба или непочитување на законот“ - вели  Царовска.

Малиот број барања за финансиска помош од државата за исплата на минималната плата, вели министерката е во согласност со нивните предвидувања дека фирмите имаат капацитет да исплатат плата од 12.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

За Груевски предистражните постапки на СЈО се малтретирање на граѓаните

За Груевски предистражните постапки на СЈО се малтретирање на граѓаните

ГРУЕВСКИ ВО СЈО: Предистражна постапка за земена провизија

ГРУЕВСКИ ВО СЈО: Предистражна постапка за земена провизија

Уште една признаена вина во случај на СЈО

Уште една признаена вина во случај на СЈО

„Бомбите“ ќе бидат доказ во „Титаник 2“

„Бомбите“ ќе бидат доказ во „Титаник 2“

Владите на Република Македонија и Бугарија ќе работат за поевтинување на роамингот

Владите на Република Македонија и Бугарија ќе работат за поевтинување на роамингот

ДОКАЗИТЕ НЕСОБОРЛИВИ: Ќе и помогне ли потерницата на МВР да го пронајде убиецот на Мартин Јанушев?

ДОКАЗИТЕ НЕСОБОРЛИВИ: Ќе и помогне ли потерницата на МВР да го пронајде убиецот на Мартин Јанушев?

Ќе биде ли во хаос „Партизанска“ за празничната сезона

Ќе биде ли во хаос „Партизанска“ за празничната сезона

Од семејно насилство до убиство врз жена - Каде потфрла Македонија?

Од семејно насилство до убиство врз жена - Каде потфрла Македонија?

Демонстрантите од пред Собрание си заминаа

Демонстрантите од пред Собрание си заминаа