28 Април, 2024
0.0257

Центри за откуп на билки и печурки ќе се отворат во Полог

Објавено во: Агробизнис 17 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Првите центри за откуп на билки и печурки ќе се отворат во Полог во соработка со Националниот парк Маврово и Општината Маврово и Ростуша. Оваа сорабока е поддржана од страна на УСАИД преку проект чија цел е експанзијата на малите бизниси. Денеска во во просториите на Јавната установа Национален парк Маврово беше потпишан Меморандум за разбирање чија цел е да ја формализира соработката меѓу потписниците на полето на собирање шумски производи од растително потекло, односно лековити билки и печурки, на територијата на националниот парк Маврово. Меморандумот го потпишаа Карл Ларкинс, директорот на Проектот за експанзија на мали бизниси, Мукрем Мехмеди, градоначалник на Општина Маврово и Ростуша и Онер Јакупоски, директор на Националниот парк Маврово. Истиот  опфаќа отворање четири нови откупни центри на територијата на Националниот парк Маврово, набавка на потребната опрема за откупните центри и активности за промоција на собирањето други шумски производи како економска активност.   Соработката има за цел потикнување на локалниот економски развој преку организирање и регулирање на собирањето на други шумски производи, со што ќе се отворат можности за сезонска работа за локалното население и остварување на постабилни приходи.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?