fake panerai watches ЦГК: 15 директори на јавни претпријатие треба да добијат отказ, не пријавиле извештај
02 Мај, 2024
0.0268

ЦГК: 15 директори на јавни претпријатие треба да добијат отказ, не пријавиле извештај

Објавено во: Економија 29 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека 9 јавни и државни претпријатија немаат објавено ниту еден квартален извештај со показатели за финансиското работење на своите веб-страници, а други 6 го немаат објавено последниот за периодот јули-септември.

Ова го покажува последното истражување на Центарот за граѓански комуникации за исполнување на законските обврски и добрите стандарди на претпријатијата во државна сопственост. Од таму велат дека со самото тоа што овие документи не се јавно објавени се исполнува законскиот услов за разрешување на директорите на овие претпријатија.

„Имајќи ги предвид гореизнесените податоци, произлегува дека се исполнети условите за разрешување на 15 директори на јавните претпријатија бидејќи, во согласност со измените на Законот за јавни претпријатија кои стапија на сила во април 2018 година, според член 24-а став 8 од Законот за јавните претпријатија, „директорот на јавното претпријатие се разрешува пред истекот на мандатот во случаи: ако и по истекот на рокот определен во членот 5 став 3 и членот 7-а став 1 од овој закон не го објави тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие на веб страницата на јавното претпријатие“, тврдат од ЦГК.

Ниту еден тромесечен извештај годинава пред јавноста не објавиле:

  • ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија,
  • Јавно радиодифузно претпријатие Национална радио-телевизија – Скопје,
  • Јавно сообраќајно претпријатие Скопје,
  • Јавно комунално претпријатие Дервен Велес,
  • Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје,
  • Јавно претпријатие за комунални дејности Комуналец – Струмица,
  • Јавно претпријатие Национална радиодифузија – Скопје,
  • ЈП Комуналец Прилеп
  • Јавно комунално претпријатие Тетово,

Истовремено својот последен квартален извештај годинава го немаат објавено на увид на јавноста:

  • Јавно претпријатие за државни патишта,
  • Јавно претпријатие Паркови и зеленило Скопје,
  • Јавно претпријатие Стрежево Битола,
  • Јавно претпријатие Водовод – Куманово,
  • Јавно комунално претпријатие Водовод – Битола
  • Јавно претпријатие Исар – Штип.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?